13.12.2010

Има ли нешто полесно од не знам и не можам?

сподели на пинг

Да кажеш не знам и не можам е најлесно, но изгледа е тешко кога тие два збора треба да се напишат во текст. И не само тие. Пишувањето на негацијата многу често е извор на грешки. Дилемата е како да ја напишеш, слеано или разделено?

Веднаш да го кажеме основното што треба да се запомни: негацијата не се пишува одделно од глаголот и од сите негови форми:

не сака

не може

не знае

Со оглед на тоа што и глаголскиот прилог претставува форма на глаголот, негацијата и со него се пишува одделно:

не сакајќи

не можејќи

не знаејќи

Ова го нагласуваме посебно, бидејќи многу често се среќаваат погрешно напишани примери.

Пример: Несакајќи ја турнав чашата.

Треба да гласи: Не сакајќи ја турнав чашата.

Втората важна работа во врска со пишувањето на негацијата е дека „не“ се пишува слеано со сите други видови зборови. Со именките, глаголските именки и пред придавките, како и со прилозите, формира збор со ново значење.

невистина

непријател

неспиење

негледање

недобра

неубав

недалеку

некаде

некогаш

Примери:

Не зборувај невистини.

Куќата му се наоѓа недалеку од пазарот.

Тој неретко поминуваше во посета.

Како заклучок, уште еднаш ќе повториме дека негацијата „не“ се пишува разделено само кај глаголите и кај глаголските прилози, а во сите други случаи (придавки, прилози, глаголски именки) се пишува слеано.

20 коментари:

  1. Почитувана,

    како би постапиле во примерот:
    Тој е не-Македонец. (Со цртичка или слеано? Ако е слеано, што со големата буква во тој случај?)

    Срдечни поздрави

    ОдговориИзбриши
  2. Imam edno jazicno prasanje. Doktorka sum i me interesira kako e pravilno: DNK-analiza ili
    DNK analiza (so crticka ili bez)
    I uste nesto:
    PAP-test, PAP test, Pap-test ili Pap test? Koja e tocnata forma?

    Blagodaram.

    ОдговориИзбриши
  3. @anonymous Правилно напишана реченицата би била: Тој не е Македонец. Во другиот случај би било немакедонец, бидејќи тука веќе и не станува збор за националност, туку за карактеристика.

    ОдговориИзбриши
  4. Imam dve prashanja od stranec koj saka da nauchi makedonski. Shto znachi "go" vo sledniov primer:
    Nego, go gonat krivichno. Ako ednash kazavme nego zosto velime go.
    I shto e "LI" pomoshen glagol koj se koristi samo vo prahsalna forma? Moze LI ima LI etc.. Od kade doagja? Od ILI?

    ОдговориИзбриши
  5. @Anonymous „Го“ е кратка заменска форма за директен предмет (објект) за машки род, остаток од стариот акузатив. Удвоениот предмет, во случајов „него го“ е едно од обележјата на македонскиот јазик, а истата појава постои и во шпанскиот јазик (мислам и во некои други од групата романски јазици, ама не тврдам). Ќе пишеме во некој следен пост за тоа.
    „Ли“ не е помошен глагол туку честица, која служи само за засилување на прашањето, за нагласување. Честиците (партикули) се посебна група зборови, не потекнува од ништо друго (особено не од „или“, кој е сврзник).
    Се надевам, помогнавме :)

    ОдговориИзбриши
  6. Не се служувам со решението за ПАП-тест. Тој е Папаниколау или така некако. Не можеме да ги подигнеме првите три букви од неговото име, ако веќе правиме скратеница. Скратеницата ќе си биде како што нормално се прават.

    Значи: Пап-тест.

    ОдговориИзбриши
  7. Јас сум инжинер, па не се сложувам со констатацијата „не потекнува од ништо друго (особено не од „или“, кој е сврзник).“ за „Ли“. Мислам дека е скратена форма од „Дали“ и сите прашања може да бидат поставени како Дали може, Дали има итн.

    ОдговориИзбриши
  8. @dejan Во право си. Се поправам: Пап-тест

    ОдговориИзбриши
  9. @Anonymous :) Мислам дека не ме разбра. Некои зборови важат за основен зборовен фонд, потекнуваат од најстарите времиња, ги има во старословенскиот јазик, а претпоставени се и во индоевропскиот. Значи „ли“ е честица, која има функција во прашалните реченици и служи за засилување и нагласување на прашањето. Во „дали“ и во „нели“ таа честица сраснала со друга честица, со „да“, односно со „не“. Наспроти тоа, „или“ нема никаква поврзаност со нив.

    ОдговориИзбриши
  10. Номинирани сте за најдобар сајт - http://it.com.mk/nagradi/,
    веќе гласав за вас :)

    ОдговориИзбриши
  11. Во медиумите многу често слушаме „за недела дена“ „за година дена“ и страшно се нервирам. Мислам дека треба ЗА ЕДНА НЕДЕЛА или ЗА ЕДНА ГОДИНА. Што мислите вие?

    ОдговориИзбриши
  12. Кога ќе чујам „за недела дена“ и таквите конструкции, ми побелува по едно влакно! :-)

    ОдговориИзбриши
  13. „Година дена“ повеќе како да ми доаѓа од она српското или хрватското „Godinu dana", мислејќи на период од 1 година. Сепак, „година дена“ е синоним на „365 дена“, подразбирајќи дека една година има 365 дена. Не дека „година дена“ не е точно, но јас би рекол дека од едно единствено решение, има друго што е поточно - а тоа е „една година“.

    Бојан, лектор по македонски јазик

    ОдговориИзбриши
  14. Анонимен13 јули 2011 12:51

    Ако напишам „овој човек е со мене,“ а го изговорам „овој човек е сомене (слеано со мене)! Правам ли грешка? Јас колку знам се пишува одвоено, а се изговара слеано!
    Благодарам!

    ОдговориИзбриши
  15. Изговорот е друга работа. Да, се изговара слеано (акцентска целост), но тоа нема врска со пишувањето, кое е одвоено.

    ОдговориИзбриши
  16. Според последниот издаден Правопис, слеано се пишуваат само нејќејќи и немајќи.
    Се согласувате со ова?

    ОдговориИзбриши
  17. Сања Богоева02 април 2012 15:12

    Ова со разделеноста кај глаголскиот прилог е жива глупост - никаква логика. И не зборувам за улична логика, туку во рамки на севкупноста од граматички правила.

    Си има разлики, а еве и примери:
    1. Не ползејќи, (туку) трчајќи.
    2. Неползејќи побрзо се стигнува.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Така е Сања, во право си. :)

      Избриши
    2. Анонимен25 јуни 2016 02:35

      Се надевам, за овие 4 години, Сања и Миле научија дека "ползејќи" е глаголски прилог, а не глагол. :)

      Избриши