24.2.2011

Која е госпоѓата министерка?

сподели на пинг

Ако во минатото министерка се нарекувала жената на министерот, денес министерка означува жена што е на министерска функција. Улогата на жената во општеството е сменета, па со тоа многу називи на професии добиле и феминативи, т.е. именки во женски род. Таквите називи во минатото биле незамисливи, а причината била тоа што на таквите важни функции не се наоѓале жени, туку само мажи. Па, оттука многу тешко било да се сретне директорка, министерка, деканка или претседателка. Но, за среќа, работите се смениле.

И покрај тоа што и денес постојат противници на феминативите (под влијание на некои постари јазични правила), сметаме дека нивната употреба е многу потребна и пожелна. Онаму каде што природниот род е тешко да се одреди од употребените јазични средства, таа улога ја врши феминативот. Освен тоа, се олеснува и усогласувањето на реченичните членови во однос на категоријата род.

Примери:

Градоначалничката Марија Петровска е заслужна за новиот лик на општината.

Градоначалникот Марија Петровска е заслужна за новиот лик на општината.

Градоначалникот Марија Петровска е заслужен за новиот лик на општината.

Во првиот пример имаме согласување по род и реченицата е точно напишана. Во втората реченица доколку кажеме градоначалникот Марија Петровска, тука немаме согласување по род - градоначалник – м.р. и Марија – ж.р. Во третиот пример имаме целосно разидување меѓу природниот и граматичкиот род.

Примери:

Амбасадорката Жан Петро неколкупати била гостинка во емисија за деца.

Амбасадорот Жан Петро неколкупати бил гостин во емисија за деца.

Во првиот пример лицето за кое зборуваме има странско име, кое може да биде и име на лице од машки пол, и токму именката пред името ни помага да го откриеме природниот род. Вториот пример дава нецелосна информација, т.е. не кажува дека лицето за кое се зборува е од женски пол.

Поради вакви ситуации, ја препорачуваме употребата на феминативите, односно употребата на именки од женски род во врска со лица од женски пол за да се избегне судирот меѓу природниот и граматичкиот род. За жал, од секоја професија не можат да се изведат такви именки, но тие што постојат пожелно е да се употребуваат.

Такви се обично тие што завршуваат на суфиксот –лог, како на пример биолог, антрополог, технолог и други. А немаат бидејќи нивната форма се совпаѓа со придавската форма. Од таа причина и феминативот од уметник е уметница, а не уметничка.

49 коментари:

  1. Околу градоначалник. На чело на градот се наоѓа градоначелник, следствено градоначелничка.

    ОдговориИзбриши
  2. Ако congressman е конгресмен што е congresswoman?

    ОдговориИзбриши
  3. Ако кратенка за доктор е д-р, како ќе биде кратенката за докторка??

    ОдговориИзбриши
  4. @Anonymous
    Според правописот е градоначалник/градоначалничка. Скратеницата и за доктор и за докторка е истата: д-р. Кај нас се употребува конгресменка.

    ОдговориИзбриши
  5. Значи јас не сум уметник, туку уметница :))) Ама некако чудно ми звучи и не би го употребувала додека зборувам, што со тоа? Како да одбереме термин кој природно ќе ни звучи и ќе го одомаќиниме во секојдневниот говор?
    Поздрав од Весна :)

    ОдговориИзбриши
  6. @Morgana А мене па сосема природно и убаво ми звучи уметница. Веројатно е работа на навика :)
    Позз

    ОдговориИзбриши
  7. Морам да го поздравам постот. Јас сум машко, но навистина сметам дека треба да бидат вклучени овие форми во македонскиот јазик. За ова имаме дискутирано и со Мито Миовски, професор при Катедрата за македонски јазик - поточно професор по старословенски јазик, и го прашавме за овие форми. Тој рече дека на почетокот биле прифаќани функциите само во машки род, бидејќи „кога се создавала граматиката, најпрво бил оформен машкиот род“. Тоа е негов коментар.

    Се согласувам со коментарите на Маја.

    Е, сега за зборот ГРАДОНАЧАЛНИК. Јас навистина се сложувам со коментарот на првиот на анонимниот. Имено, во хрватскиот јазик овој збор гласи "gradonacelnik", што ми е многу природно и многу повеќе го преферирам, отколку градоначалник. Ќе кажам и зошто. Бугарите почеток на нешто почетно викаат „начало“, нешто што е на почетокот, првобитно, вовед. За нивните градоначалници викаат дека се „НА ЧАЛО НА ГРАДА“ - сакајќи да каже „човекот е НА ЧЕЛО НА ГРАДОТ“, некој што ја води градоначелничката функција (НЕКОЈ ШТО Е НА ЧЕЛО НА ГРАДОТ). Овој збор е составен од следните компоненти: ГРАД, ЧЕЛО (ЧАЛО) и префиксот -НИК, со кој може да се оформи именка, т.е. вршител на некоја дејност (дејство).

    Ако во македонскиот јазик ние викаме ЧЕЛО, а не ЧАЛО, пример: „Човекот е на ЧЕЛО на таа организација“, тогаш зошто во македонскиот јазик се' уште се употребува оваа, па јас би рекол пробугарска, верзија на зборот ГРАДОНАЧЕЛНИК!?

    Јас навистина сметам, исто како во хрватскиот јазик, каде што имам престојувано една студиска година, изучувајќи го хрватскиот јазик, дека треба кај нас да се употребува зборот ГРАДОНАЧЕЛНИК, а не ГРАДОНАЧАЛНИК.

    Мислам дека е поприродно, и мислам дека има логика тоа така и да биде.

    Поздрав

    ОдговориИзбриши
  8. Моргана, ти си УМЕТНИЧКА, а не уметница!

    Поздрав

    ОдговориИзбриши
  9. @Bojan Не знам зошто не ти го прикажува првиот коментар,но го прочитав на нотификацијата на мејл. При зборообрзување, во одредени случаи се случува редување и на согласките и на самогласките, така што... мислам дека нема потреба да правиме ревизија на зборови што се прифатени и што функционираат во јазикот. Правописот вели градоначалник/градоначалничка... мене тоа ми е во ред.
    Позз

    ОдговориИзбриши
  10. Беше предмалку прикажан, не знам зошто сега го снема? Добро, во ред. Како и да е, знам дека во Правописот е градоначалник, но тоа што го напишав има голема логика и народски кажано - ДРЖИ!:)

    Ревизијата секогаш е добредојдена, бидејќи, ама по себе, претставува револуција и ревидирање на нешто што можеби, на научна основа, би можело да биде прифатено на сметка на старото решение.

    Јас сум голем обожавател на покојниот Благоја Корубин, кој секогаш имаше иновативни идеи и научни факти за некои работи. Ќе го земам зборот ДЕТАЉ. Еднина ДЕТАЉ, множина ДЕТАЛИ, ДЕТАЛЕН, ДЕТАЉНА - ЉНО. Еве еден повик до сите лектори да дадат научно мислење и основа за овој правопис на овие зборови. Мене некако не ми оди. Јас тука би ги порамнил овие зборови, и притоа не би се правело забуни за тоа каде требаше да се стави буквата Љ, во кој збор?

    ЗНАЧИ: ДЕТАЛ, ДЕТАЛИ, ДЕТАЛНО, ДЕТАЛНА, ДЕТАЛЕН. Знам дека во Правописот ова не е така, исто како што зборот ГРАДОНАЧАЛНИК вака си постои, НО за ГРАДОНАЧАЛНИК сметам дека треба да се направи ревизија - ГРАДОНАЧЕЛНИК, а за овие ДЕТАЛИВЕ, да се дискутира поконкретно на оваа тема.

    П.С. Не знам како го снема претходниот мој коментар - навистина се потрудив да придонесам за доброто на овој блог, но ако некој ги брише моите излагања, ќе престанам да коментирам!

    Поздрав и убав ден.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Ја поддржувам идејата секаде да стои Л (детал, детали). Мене дури и не ми звучи природно тоа „детаЉ“.

      Избриши
    2. Се приклучувам кон кампањата. :):):)

      Избриши
    3. Јас употребувам детал.

      Избриши
  11. @Bojan Ние сигурно не ти ги бришеме. Воопшто не бришеме коментари, дури и злонамерни и бесмислени, а не па такви што се вклучуваат во дискусијата. А друг мислам и нема право да брише, така што, веројатно, се случил некој технички проблем :)
    За деталите ќе коментирам подоцна

    ОдговориИзбриши
  12. Инаку и овој последниов го снема! Ќе реагираат ли модераторките? Копи-пејст од маилот каде што ви стигнале пораките и постирајте во мое име, или препратете ми ги на маил, чудна работа е ова! А зошто не ги голтна и првиот мој коментар за УМЕТНИЧКАТА? Мислам...

    Благодарам

    ОдговориИзбриши
  13. @Bojan Навистина не знам што се случува. Сега имам работа, ќе ги копирам подоцна од мејл (ако не се среди самото - некогаш и на Фејсбук снемува коментари, па потоа сами се појавуваат).

    ОдговориИзбриши
  14. Konecno razbrav deka profesijata mi e fotoreporterka. Blagodaram. No od postov razbrav deka feminativite se samo vas predlog a ne i pravilo. Steta.

    ОдговориИзбриши
  15. @Anonymous Значи феминативите не се наш предлог, тие си постојат во јазикот, само што луѓето немаат навика да ги користат и да се изразуваат прецизно.

    ОдговориИзбриши
  16. Разгледано според коментарите напишани погоре, дали постои дилема кај лекторите за поимот уметница или уметничка? Уметничка како збор го има кога се објаснува дека некој поим е уметнички и сл. А уметница...се сеќавам дека еден пријател ми рече дека го потсетувало на поимот вештица :).
    Можеби човек треба да се навикне на некој збор, ама убаво што ги има зборовите и во женски род.

    ОдговориИзбриши
  17. Моргана, според мене и нема никаква дилема. Еве пример, направи придавка/апозиција за именка од женски род од Хрватска (државата Хрватска), хрватска пејачка, хрватска музика.

    Во овој случај тоа е чиста случајност, бидејќи за уредник во женски род ќе кажеме уредничка така?

    Позз

    ОдговориИзбриши
  18. @Bojan Ете решено е со коментарите. Блогер активирал некоја опција за автоматска детекција на спам. Автоматски биле префлени, не знам по која логика. Вратени се сега

    ОдговориИзбриши
  19. што е со `оперска певица`? Нешто што се сретнува по медиумите кај нас. Имаме `оперски пејач` и `оперска певица`? А што е со оние што пеат забавна музика? Тие се пејачки или певици сега? И кој е јазичниот критериум тука?

    ОдговориИзбриши
  20. @Anonymous @Morgana @Bojan Суфиксот -ица за формирање феминатви постои во македонското зборообразување и не е спорен.
    Токму затоа во уметница е искористен за да се избегне повторување со придавската форма. Од истата причина и именките со -лог немаат феминативи (инаку би било, на пример, биолошка). Примерот со Хрватска не е баш од овој тип, тоа е супстантивизирана (поименчена) придавка всушност преземена од изворниот јазик од кој потекнува - Хрватите ја нарекуваат својата земја така.
    Во случајот со певица и пејачка искористени се различните суфикси за постигнување семантичка разлика (во значењето). Певица не може да се однесува на поп, рок, џез-пејачка...

    ОдговориИзбриши
  21. Во овој пост употребувам знаци од Меѓународната фонетска азбука.

    @Бојан: во мак. јазик има две латерални согласки ([ ɫ ] и [ l ]). Звукот / l / се реализира како [ l ] пред / e / и / i /, и како [ ɫ ] во сите други случаи.

    Зборот „детаљ“ се изговара [ detal ] па затоа го пишуваме со < љ >. Парадигмата „детали“ се изговара [ detali ] и затоа се пишува со < л >.

    ОдговориИзбриши
  22. Umetnica i vestica poveke nalikuvaat na srbizmi. Toa e moj licen stav.
    "Umetnickata Ana deneska bese navistina umetnicki nastroena."
    "Vesterkata od Volsebnikot od OZ e predstavena kako losa licnost vo dramskoto scenario na pretstavata."
    Upotrebuvanje na feminativnite formi znaci identifikuvanje na odredeni licni profesii ili strucni iminja ili tituli na zenskiot pol kako sostaven del od opstestvenoto ziveenje.

    ОдговориИзбриши
  23. He is a Musician. Toj e Muzicar.Moze da ima siroko znacenje(da pee, sviri,tvori i sl.)
    She is a Musician. Taa e Muzicarka.
    Taa moze da pee, sviri, tvori i sl.
    Ako pee togas licnosta pripaga vo grupata na peaci odnosno taa e peacka.
    Site gore navedeni grupi pripagaat vo ista grupa odnosno Muzicka Umetnost.

    ОдговориИзбриши
  24. "Operska pevica". Toa za mene e neprifatlivo.
    "Operska artistka".Toa e mojot predlog za imenuvanje.

    ОдговориИзбриши
  25. Vsusnost "Operska umetnicka."
    Bidejki artistka bi doagalo od Artist=ENGLISH
    Umetnic=MAKEDONSKI ZA MASKI ROD.
    Umetnicka=MAKEDONSKI ZA ZENSKI ROD.
    Likovna/Muzikalna/Fiskulturna Umetnost
    Likoven/Muzicen/Fiskulaturen Umetnik
    Likovna/Muzikalna/Fiskulaturna Umetnicka itn.

    ОдговориИзбриши
  26. Старица,кралица,магарица,убавица,слепица...уметница. Вешт + ица = вештица, а вештерка од вештер + ка = вештерка.Певица е најверојатно србизам бидејќи кај нас не се пев-а туку пее, кога би биле доследни би стигнале до пеица.

    ОдговориИзбриши
  27. FOTOGRAF/FOTOGRAFSKI REPORTER e profesija vo koja individuata ako e masko se imenuva FOTOGRAFER/FOTOREPORTER a ako e zensko FOTOGRAFERKA/FOTOREPORTERKA.

    ОдговориИзбриши
  28. Колку глупости имаш лупнато Anonymous,
    predstavena
    Operska artistka
    Operska umetnicka
    Fiskulaturen Umetnik
    FOTOGRAFER
    FOTOGRAFERKA

    ако си истата личност што ги напишала сите овие коментари...

    ОдговориИзбриши
  29. претставена
    оперска уметница
    фискулТУРЕН (не фискулАтурен) - и што е тоа фискултурен уметник, жити се?
    фотограф
    фотографка

    ОдговориИзбриши
  30. Во овој контекст, можзам да ви препорачам една книга која излезе во печат на крајот на 2010 година. Станува збор за истава тематика, но во англискиот јазик, а кога се прави споредба помеѓу овие два јазика може да се види огромна разлика толку на поле на родот. Се вика „Родовата обележаност во англискиот јазик“ (од Анета Наумоска) и за кратко време ќе почне да продава во книжарници. Инаку пријателка ми е, и само сакав да ги запознам другите со книгава, која веќе ги пламти страстите!

    ОдговориИзбриши
  31. Анонимен06 март 2011 04:15

    Do shotebole:
    1.Toshe Proeski bese artist. Zarem ova ne e tochnen fakt.Imam procitano deka i Luciano Pavarotti bil artist.
    2.Fizicko obrazovanie t.e Fiskulaturna ili Fizicka vezba, se podpaga vo istata disciplina odnosno izucuvanje,izvrsuvanje ili obavuvanje na elementi od telesna priroda ili slicno povrzana talentiranost(gimnastika,joga itn.)

    Edno e jasno: Ima mnogu nachini na koi se izjasnuvame bidejki postojat razlicni dijalekti.
    Site razlichnosti pridonesuvaat za izgubuvanje na eden pravilen govor i sozdavanje na mnogu zborovi kako i nachini za da istite se nametnat; bilo da se od drugi podracja ili drzavi i se so cel da se izvrsuva gubenje na faktichkata realnost t.e postoenjeto na Makedonskiot jazik, a so toa i se ostanato sto i sleduva ili i pripaga na Makedonskata Nacija.

    ОдговориИзбриши
  32. Анонимен06 март 2011 04:39

    Do shotebole:
    Fotograf e oprema t.e odnosno aparat za fotografiranje.
    Lichnosta sto fotografira se vika Fotografer ili Fotograferka za zenska individua.
    Jas ova ne go smetam za gluposti kako sto shotebole go smeta. Sakam samo da pridonesam da se objasnat mnogute razlichnosti koi se nametnati od nadvor t.e od stranskite zborovi.

    ОдговориИзбриши
  33. Анонимен06 март 2011 06:00

    Fotograph od angliski e kaj nas fotograf ili lichnost sto se zanimava so fotografija.

    Pictograph od angliski e kaj nas piktograf lichnost sto se zanimava so piktografija.

    Fotograf e istotaka i Slikar.
    Piktograf e istotaka i Ilustrator.

    Znaci kaj nas se zadrzuvaat i upotrebuvaat hommenistickite formi no ne i feministickite.

    Stanuva zbor za vnesuvanje na site formi vo nasiot jazik i nivno koristnje vo sekojdnevieto.

    ОдговориИзбриши
  34. Анонимен/на,
    1. Терминот артист означува некој што се занимава со уметност (најчесто визуелна) како и музичари, актери итн. Би се согласила дека поприродно звучи за Тоше или Павароти да се употребат други термини, ама дефиницијата за артист тука сепак им одговара. (провери по речници)
    2. Знам што е фискултура, само прв пат го слушам изразот „фискулАтурна уметност“.
    3. Фотоапарат е апарат за сликање, фотограф е личност што се занимава со правење фотографии (мислам дека ова е општа култура)
    4. Photograph на англиски значи фотографија (слика), photography е самиот процес (или пак на пример италијанската фотографија), а photographer е фотограф.

    Би те замолила ако можеш да употребуваш кирилица затоа што тешко се чита.

    ОдговориИзбриши
  35. Анонимен24 март 2011 00:44

    Поздрав до сите. Дозволете ми да се вмешам. Јас сум директорка на Академијата за протокол и честопати се случува да се отвори расправија за феминитивите. Јас упорно тврдам дека треба да е министерка, амбасадорка, директорка и така натаму, но моите клиенти, обично од државните институции ме убедуваат дека е г-ѓа министер. Тука се мешаат две работи, обраќање и функција, но мнозинството ме надгласува. Јас ве замолувам сите вас лекторите ( а една од нив е и мојата сестра која е на моја страна) да истраете во борбата и конечно да се знае дека кралица е кралица а не е г-ѓа крал! :) Инаку, до г. Бојан, и јас сум Хрватка и сосема се согласувам со градоначелник, но...имаме слушател и гледач, а не слушач и гледател, имаме биолог-биолози ама еколог-екологисти..јазикот за жал понекогаш ја избегнува логиката.
    Она што јас не можам да го преболам и што ми е како нож в срце е акцентирањето - кога ќе го слушнам нашиот претседател се прашувам дали нашите политичари треба да седнат во второ одделение и да учат акцент?

    Со почит до сите и само напред,

    Лукреција Маљковиќ Атанасовска

    ОдговориИзбриши
  36. @г-ѓа Маљковиќ Атанасовска

    Благодариме за поддршката :)
    Меѓу јазичарите речиси нема воопшто дилеми за употребата на феминативите. Едноставно, време е да се надминат стереотипите што сме ги наследиле од некои постари општествени уредувања кога и немало жени на функции. Не постои ниедна прифатлива причина зошто да се употребува машкиот род и за лица од женски пол - и во официјални пригоди.
    Така што... поддршка и за Вашите напори :)
    Поздрав

    ОдговориИзбриши
  37. Авторот го отстрани коментаров.

    ОдговориИзбриши
  38. Анонимен14 мај 2012 16:28

    Треба да се разјаснат овие феминитиви и да се внесат како правило во македонскиот правопис на кои сите би се повикувале во говорна и писмена форма. Се надевам дека за секоја професија има одредена варијанта за женскиот род.
    Примери:
    министер-министерка вок. министерке (не г-ѓо министерке!)
    градоначалник-градоначалничка вок. градоначалничке (не е бугаризам употребата на градоначАлник, туку влијание од црковнословенскиот)

    ОдговориИзбриши
  39. Анонимен16 мај 2012 07:37

    http://unustamatubg.wordpress.com/2012/05/12/%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D0%B5-%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%93%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0/

    ОдговориИзбриши
  40. Прашање за "авторкaтa":
    Жена возач е возачка или возица?
    Вие сте лектор или лекторка?
    рудар - рударка?
    пилот - пилотка - пилотица - ???
    Доколку генералниот секретар на О.Н. беше жена, според Вас
    би требало да ја нарекуваме генерална секратарка?
    феминатив од уметник е уметница, затоа што уметничка е придавка?
    нон-сенс како се пишува правилно и дали воопшто треба да се користи, или пак да користиме "бесмислица"
    Едно е да се користи феминатив при обраќање, друго е функцијата или професијата да преименува.
    Професорката Ана Аневска е професор по македонски јазик.

    ОдговориИзбриши
  41. Анонимен14 април 2015 12:58

    Денес на радио за Хилари Клинтон не ми се допадна „поранешната државна секретарка„

    ОдговориИзбриши
  42. Од кога е детаљ, а не детал и правописен и литературен збор? Јас во основно во мое време учев дека е детал.

    ОдговориИзбриши