28.3.2011

Петте лекторски заповеди

сподели на пинг

Постојат грешки и грешки, некои помалку или повеќе простливи, додека други едноставно не може да се дозволат ниту кај зборувачите, а уште помалку како лекторски пропуст. Правилата што следуваат во продолжение се меѓу оние што не трпат отстапки, петте лекторски „заповеди“. Нивното прекршување го сметаме за лекторски „смртен“ грев.


1. ТАКА ДА > ТАКА ШТО

Во македонскиот јазик не постои сврзникот така да и неговата употреба се должи исклучиво на влијание на српскиот/хрватскиот јазик.

Пример:

Тие заминуваат утре, така што ќе нема време да ве посетат.


2. БИЛО КОЈ > КОЈ БИЛО

Единствениот дозволен збороред кај оваа неопределена заменка (и сите нејзини форми) е овој: прво заменката, а потоа партикулата било. Истото важи за сите неопределени заменски зборови (заменски придавки и прилози): каков било, чиј било, каде било, кога било...


Пример:

Кој било може да ја заврши работата, важно е да биде завршена.


3. ПРЕВЗЕМА > ПРЕЗЕМА

Вметнувањето на гласот/буквата в таму каде што не ѝ е место, не носи никаква корист. Ако глаголот е зема, а префиксот е пре, логичниот резултат е презема. Насилното вметнување на в, се должи повторно на влијание на српскиот/хрватскиот јазик, т.е. на нивното преузети (но таму глаголот е узети), кое кај нас се „помакедончува“ со тоа што У>В. Но, секое у не се претвора во в, а ако мислеше дека тоа е правило, тогаш си во голема заблуда.


Пример:

Се преземаат мерки за итно санирање на дефектот.


Забелешка: Во минато свршено време, формата на глаголот земе е зеде. Значи: презеде мерки, а не презема мерки.


4. ВЗАЕМНО > ЗАЕМНО

Сѐ што беше кажано во точката три, важи и овде (влијанието доаѓа од српското/хрватското узајамно).


Пример:

Тие заемно се почитуваат.


Забелешка: Не постои збор обострано, и покрај тоа што постои форма оба, обата, во контекст на бројот два. Кога сакаш да кажеш дека нешто се одвива/постои на релација меѓу два субјекти, употреби ги зборовите заемно или меѓусебно. Ако, пак, сакаш да кажеш дека нешто важи и за двете страни, употреби го зборот двострано.

5. СЕУШТЕ > СЀ УШТЕ

Се пишува разделено, со надреден знак над сѐ. За ова веќе пишувавме, па можеш да прочиташ тука.

30 коментари:

  1. Мене најстрашни ми се „допринос“ и „овогодинешниот“ :)) Веројатно има уште многу...

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Авторот го отстрани коментаров.

      Избриши
  2. Е, фала ти за она „преВзема“!
    Не можев да го убедам колегата дека така не е точно. Постојано пишува „Превземи ја програмата“, наместо „Преземи ...“.

    Уште да ја убедам другарка ми архитектка (архитетка) дека не е „обект“, туку „објект“ ...
    Дополни ја листава, те молам. :)

    ОдговориИзбриши
  3. Кога сме кај програмери, честа грешка е „програм“ наместо „програма“.
    На времето, уште кога соработував во „Млад Борец“, лекторите ме удрија по прсти и ме научија...

    ОдговориИзбриши
  4. Кај е копчето за „лајк“ за текстов?

    ОдговориИзбриши
  5. Секоја чест за блогов. Но, Ве молам ако можете да ставите копче за пребарување, затоа што многу ми е тешко да најдам нешто што веќе еднаш сум го прочитала. Поздрав :)

    ОдговориИзбриши
  6. @Gurman Има копче за пребарување најгоре лево :)
    (не знам зошто и други не го забележуваат)
    Поздрав :)

    ОдговориИзбриши
  7. Ми се чини дека изразот „секоја чест“ е србизам кој доаѓа од „свака част“? Што мислите вие?

    ОдговориИзбриши
  8. Ставре, да, ама и алал доаѓа од некој друг јазик. Ако им се „пуштиме“ на сите странцизми да ги средуваме, значи дека треба и англицизмите, францизмите, турцизмите, византизмите, коинизмите, ор вотевер... Кај ќе ни биде крајот. Или, обратно, да ги прифатиме СИТЕ, рамноправно, па кој ќе остане во употреба.
    (Грдо е секоја чест, ама ништо погрдо од секое добро, ептен на живци ми иде :)

    ОдговориИзбриши
  9. Не разбирам како не ја гледаат нелогичноста, честа е една и единствена, нема повеќе видови на чест па да понудиш „секоја“.

    ОдговориИзбриши
  10. Каква среќа и каква чест? Или колкава среќа и колкава чест?

    ОдговориИзбриши
  11. „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ стр. 271 - обостран, обостраност

    ОдговориИзбриши
  12. @Vnukot Повеќе зборови со голема фреквенција се дискутабилни, во смисла дали треба да бидат прифатени врз основа на фреквентноста. Со оглед дека за овој имаме наши соодветни, мислам дека не е неопходен, а во поглед на стилот важи истото што ти го одговорив и за приличен (да не се повторувам) :)
    За повеќе прашања имаме различно мислење од она што е во моментот важечко според постоечкиот правопис. Наспроти прифаќањето вакви зборови за кои имаме еквиваленти, често се стигматизираат такви што ни се неопходни и за кои нема соодветно решение. Како и да е, ова е блог, и го изнесуваме нашето мислење, токму за да извршиме влијание (се надеваме, нели :) ) за некои промени во иднина :)

    ОдговориИзбриши
  13. Само едно ми беше сомнително „ВЗАЕМНО - ЗАЕМНО“
    ... и сеуште ми е сомнително.
    http://www.makedonski.info/search/%D0%B2%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%BE

    ОдговориИзбриши
  14. Анонимен07 март 2012 12:38

    правилно пеат или пејат: пеач или пејач?

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Анонимен07 март 2012 16:00

      Правилно е: „пеат“ и „пејач“. Кај глаголите помеѓу „а“ и „е“ не се става „ј“, а кај именките се става.

      Избриши
  15. Анонимен07 март 2012 12:44

    Во списоков би ја додала и честата грешка на употреба во предвид наместо само предвид.
    Сметам дека треба да се внимава и на употребата на разноразните глупости во вид на буквално транскрибирање на странски зборови кои просто речено го "параат увото" од типот: тензична атмосфера наместо напната атмосфера, канцер наместо рак, перфектно наместо совршено итн.

    ОдговориИзбриши
  16. Ако место „сеуште“ треба „се’ уште“, зошто тогаш не е и „се’ каде“ наместо „секаде“?

    Исто, секој, секогаш, секако...

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Анонимен07 март 2012 13:38

      Имаш разлика во видот на зборот каде сè се додава како префикс.

      Избриши
  17. Анонимен07 март 2012 13:16

    "Од мали нозе" = "од малих ногу"
    Што ли ќе се случи кога ќе пораснат нозете...?

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Па тоа е фраза, не треба буквално да се сфаќа :)

      Избриши
  18. Hello, ако ги исфрлиме сите странцизми, треба да почнеме од англицизмите, па србизмите, па турцизмите, па латинизмите, па хеленизмите... И? СИТЕ зборови се добредојдени. Баш сите. Тие што не ги бива сами ќе си отпаднат од употребата. Башка што според јазикот (и според чевлите) можеш да ги класифицираш луѓето :)

    ОдговориИзбриши
  19. Анонимен07 март 2012 15:03

    Што мислите за зборот „лебди“? Мислам дека сѐ уште го нема во речникот. Постои ли некоја соодветна алтернатива?

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Го има лебди во толковниот. И баш сум среќна што е така :)

      Избриши
  20. Анонимен07 март 2012 16:31

    Ха, имаше некоја смешна алтернатива на овој збор лебди во детските сликовници а гласеше рее

    ОдговориИзбриши
  21. Од сè што прочитав и од коментарите, сепак број еден грешка на сите времиња е УТАКМИЦА наместо НАТПРЕВАР. Иако мислам дека со оглед на фреквентноста на употреба наскоро ќе го додадат во речникот :)

    ОдговориИзбриши
  22. Анонимен08 март 2012 13:47

    Одличен блог, браво за авторките!
    Но, Бисерка, би сакала да отворам едно друго прашање. Во еден твој коментар погоре пишува „Со оглед дека (...)“. Мене лично ваквата употреба на овој израз (со која доста често се сретнувам) ми звучи нецелосно и мислам дека правилно е да се каже „со оглед на тоа дека...“ или „со оглед на тоа што...“, во зависност од контекстот. Постои ли точно дефинирано правило за овој израз?

    ОдговориИзбриши
  23. Верувам дека никој не консултира лектори.Јас не можам да се пофалам дека го знам македонскиот онака како што јазикот заслужува, но тоа што е многу, многу е. Збор кој ќе ме вади од кожа во месеците кои следат е ПОСМАТРАЧИ, и тоа сочен акцент каде не би му личело во македонскиот.За жал веќе никој и не се сеќава дека има соодветен збор и кај нас, како на пример набљудува...

    ОдговориИзбриши
  24. Кој збор треба да се користи утовар или натовар

    ОдговориИзбриши
  25. ИдеЈа, а не идеа!!!! Помеѓу „е" и „а" стои Ј. Илјадници текстови се погрешно напишани. Тука би ги искритикувал и „допринес", а толку е убав придонес. Потоа, наводникот почнува со ДОЛЕН, а завршува со ГОРЕН наводник.

    ОдговориИзбриши