31.3.2011

Големи и мали

сподели на пинг

крал

принцеза

папа

министер

директор

генерал

мајор

сер

лорд

мис


Ова се само некои од големиот број титули што постојат во различни општествени уредувања. И секако дека се согласуваме со големината и со значењето на функцијата што ја извршуваат луѓето на кои им се доделени, но... Ниту значењето, ниту големината не се изразуваат со пишување голема буква, барем не во македонскиот јазик. Правилото вели дека сите титули и звања се пишуваат со мала буква.


Пример:

Вработените во фирмата ја напуштија зградата, заедно со Директорот Марко Марковски.

Свечена миса, по повод празникот, ќе одржи Папата Бенедикт Шеснаесетти.

Марија Николовска по вторпат ја освои титулата Мис на Македонија.


Директор, премиер, папа, мис и другите титули што претходно ги спомнавме се општи именки и обично се пишуваат пред името и презимето на тој што ги носи. Нема потреба да се пишуваат со голема буква, како што честопати се практикува. Таа грешка обично настанува од идејата дека штом некој извршува толку голема функција, невозможно е таа да се пишува со мала буква.


Воопшто, следејќи ја јазичната практика, забележуваме дека луѓето што не го познаваат правописот доволно, честопати ги пишуваат со голема буква и обичните општи именки на кои сакаат да им придадат значење.


Точните варијанти на горните примери се следниве:

Вработените во фирмата ја напуштија зградата, заедно со директорот Марко Марковски.

Свечена миса, по повод празникот, ќе одржи папата Бенедикт Шеснаесетти.

Марија Николовска по вторпат ја освои титулата мис на Македонија.


Забелешка1: Титулите премиер и претседател имаат и статус на институции, па во тој случај единствено се пишуваат со голема буква. Но, кога зборуваме општо за претседатели и за премиери, тогаш тие се пишуваат со мала буква.


Примери:

На чело на Владата на Република Македонија се наоѓа Премиерот Никола Груевски.

Вчера претседателите на двете држави имаа средба зад затворени врати.


Забелешка2: И далај лама е титула. Наспроти погрешното мислење дека станува збор за име на врховниот тибетски будистички духовен учител, во кого се реинкарнираат сите наследници на функцијата, далај лама е само титула што ја носи тоа лице (независно од тоа што неговото (поранешно) вистинско име (од времето пред да стане далај лама) никој не го спомнува. Всушност, далај значи океан, а лама потекнува од зборот што значи во тишина. Целата фраза има значење што е најблиску до врховен свештеник. Поради тоа, оваа будистичка титула се пишува со мали букви, исто како што се пишуваат патријарх, папа, оџа...

6 коментари:

  1. Анонимен01 април 2011 01:23

    Претседател е институција, ама премиер? Владата е институција.

    ОдговориИзбриши
  2. Анонимен12 април 2011 17:30

    Како ќе се членува далај лама... далај ламата?

    ОдговориИзбриши
  3. Искрено, досега не сум го сретнала во членувана форма, а и не ми дошло да го членувам при употреба. Веројатно, поради тоа што далај лама е еден и единствен (нели според будизмот, далај лама се реинкарнира во тој што треба да го наследи, а притоа личното име на личноста е сосема маргиналзирано, му се обраќаат само со титулата). И веројатно, затоа што тој збор (и поимот што го означува) не е многу присутен во нашиот јазик (и општество), па поради тоа и не е одомаќинет и не е подведен под сите наши јазични праивла.
    Мислам дека е подобро (и препорачувам) да остане нечленувано. Ако има други колеги лектори што мислат поинаку, нека споделат

    ОдговориИзбриши
  4. Анонимен07 март 2012 12:38

    A bi sakal da ve prasam, mn. mi e bitno bidejki lugjeto se podeleni po ova prasanje. toest dali e rodenden ili roden den , ova e prvo. I vtoro dali e ideja ili idea vo mk jazik, iako go sretnuvam vo dvete formi i toa vo sluzbeni dokumenti, kominikea, soopstenija itn. blagodaram.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Правилно е „роденден“, а не „роден ден“. Во вториот пример, правилен облик на зборот „идеја“ е со ј меѓу самогласките. Зошто е тоа така?

      За да се избегнат хомонимите. Идеа е глагол во 3 л.мн. во имперфект (минато несвршено време). Глаголот „иде“ постои во македонскиот јазик и се разликува од глаголот „оди“.

      Избриши
  5. Сојузници или сојузници? Се работи за сојузничките сили во Втората светска војна...

    ОдговориИзбриши