08.4.2011

В среда, во среда, во средата...

сподели на пинг

В среда ќе одиме на пикник.

Во среда одиме на пикник.

Во средата бев на пикник.

Овие три примери навидум не се разликуваат по нешто значајно. Сепак, некогаш може да добиеш или да пренесеш погрешна информација, ако не се придржуваш до некои правила.

Станува збор за правилната употреба на предлогот в/во (варијација на ист предлог), кој има повеќе значења - просторно, временско, за насока итн. (за попрецизно објаснување, провери во Толковниот речник на македонскиот јазик). Во нашиве примери станува збор за временско значење и тука ќе објасниме кога се употребува в, а кога во.

в среда – значи оваа среда

во среда – значи дејството е повторливо и се одвива секоја среда

во средата – минатата среда

Забелешка: Меѓу деновите на неделата, исклучок претставува вторник, бидејќи почнува со иста буква како и предлогот за кој зборуваме, па невозможно е да се употреби в вторник, дури и ако зборуваме само за вторникот што доаѓа. Во тој случај пишуваме во вторник, а разликата во значењето ја постигнуваме со други јазични средства од контекстот. Истото важи за сите зборови што почнуваат на в/ф.

3 коментари:

  1. Баш супер што инаидов на блогов. Ке ве читам редовно, бидејки многу ми треба за да пишувам добро

    ОдговориИзбриши
  2. има ли некоја разлика во значењето меѓу „напролет“ и „во пролет“ (исто и наесен/во есен) и некои конкретни правила во однос на нивната употреба?

    ОдговориИзбриши
  3. Напролет (наесен...) се однесува на пролетта (односно есента) што доаѓа. Во пролет (во есен...) значи секоја пролет (секоја есен), нешто вообичаено се случува во тоа годишно време. Постои тенденција првите варијатни да се форсираат и таму каде што треба да стојат другите. Сметам, дека тоа е погрешно

    ОдговориИзбриши