29.4.2011

Добредојде

сподели на пинг

Луѓето честопати се во некаква недоумица како да напишат некој збор, па дури и да станува збор за наједноставното нешто како поздравите при секојдневната комуникација.

Тука најчесто не станува збор за поздравите од типот:

Добро утро

Добар ден

Добра ноќ

Проблемот настанува во примерите:

Добровечер

Добредојде

Добренајдов

Тие многу често се пишуваат неправилно како:

Добра вечер

Добре дојде

Добро најдов

Во овие примери именката и придавката, односно придавката и глаголот се сраснати во еден збор. Во процесот на сраснување, многу често се случуваат гласовни промени (редување), па токму на тој начин о преминало во е во добредојде и а преминало во о во добровечер.

12 коментари:

  1. Анонимен29 април 2011 16:36

    Во разговорниот јазик повеќе се употребува добро ве најдов, претпоставувам дека и тоа ќе се пишува слеано?

    ОдговориИзбриши
  2. Анонимен30 април 2011 02:36

    ДобрАвечер од еуролинк :)

    Рекламава иде со месеци.

    ОдговориИзбриши
  3. @Anonymous1 Добро ве најдов не е сраснато во еден збор и затоа се пишува одвоено.
    @Anonymous2 Компаниите ретко објавуваат лекторирани реклами, а и тогаш кога се консултира лектор, почесто не се прифаќа отколку што се прифаќа корекцијата

    ОдговориИзбриши
  4. Анонимен30 април 2011 14:52

    Кирил Конески - „Правописен речник на македонскиот јазик“, Издавач: Просветно дело, Скопје 1999, стр. 81:

    - добра вечер (поздрав) и добровечер

    - добре дојде (поздрав), добре дојдовте; добре најдов

    - добредојде, добредојдето

    - добредојден, добредојдениот

    - добровечер и добра вечер


    !!!!!!!!!!

    Што е работата ?? Што би се рекло „сленгувајќи“: што е финтата? Кирил К., исто така, утнал?
    Или излегол некој понов правопис или правописен речник или пак тукутака ова пу, пу не важи ?? А врз основа на што, тукутака не важи ?? Нели правописните правила се како законски правила? Ако има кажете, да си ги купам или сè уште е во „ракопис“? :)


    Поздрав.

    ОдговориИзбриши
  5. Нема потреба од сарказам, особено не без потпис. По којзнае кој пат, ова е блог, содржи ставови на авторите, а не пропишува нов правопис.
    Секако дека важечките правописи и речници се јазичен закон додека не се објави понова верзија. Нашите ставови се насочени токму кон некои идни верзии.
    Патем, постот и објаснувањето се испровоцирани од прашања за тоа од каде „е“ во добредојде и „о“ во добровечер. Забелешката, која си е на место, ќе беше одлично дополнување на напишаното. Но, не ја гледам причината за горчината...

    ОдговориИзбриши
  6. Анонимен01 мај 2011 13:48

    „Добре дојде“ = срп. „добро дошао/дошла/дошли“.

    „Добредојде“ = срп. „добродошлица“.

    Од Правопис на македонскиот литературен јазик (2007):

    §130. Поздравите што содржат два или повеќе зборови се пишуваат одделно: [...] добре дојде, добре ми дојде, добре најдов, добре (ми) те најдов [...]

    ОдговориИзбриши
  7. Анонимен01 мај 2011 14:11

    Да додадам уште нешто, не преминало во . „Добре“ е остаток од црковнословенскиот јазик:

    добръ, добрый, добрая, доброе — придавки
    добрѣ — прилог

    Ситуацијата е иста со „мошне“ (црксл. мошнѣ).

    -- Историја на македонскиот јазик (Конески).

    ОдговориИзбриши
  8. Анонимен01 мај 2011 14:12

    Исправка на горниот пост. Треба да биде „Е не преминало во О“.

    ОдговориИзбриши
  9. Јас претпочитам кога поздравувам, да го користам изразот Добра вечер, бидејќи сметам дека е поправилен со оглед на тоа што е еден вид на скратена форма од изразот „Ви посакувам добра вечер“. Јазикот според мене е жива материја, која расти, се развива и менува, но мора и да се негува од сите влијанија. Жално е што во Македонија не постои институција која ќе се занимава со поддршка и пречистување на нашиот јазик од туѓите влијанија, како што тоа го имаат сите поголеми држави во Европа, а дури и нашите соседи имаат нешто слично на тоа.
    Можеби новите македонски кованки во почеток би биле и смешни, но сигурно никој од жителите на нашиот северен сосед не се прашува зошто фудбалот кај нив се вика ногомет.

    ОдговориИзбриши
  10. Бисерка, овде имаш направено грешка.
    Се пишува: добре дојде, добре дојдовте, при поздравување.
    Додека, слеано се пошува, на пример, кога ќе речеме: Тој им посака топло добредојде на присутните.

    ОдговориИзбриши
  11. Pocituvani,
    Bi sakal edna konsultavija od vasa strana.Se raboti za recenica vo billboard.
    "Nie isto taka" ili
    "Nie istotaka"

    ОдговориИзбриши
  12. Како се решени овие работи во новиот правопис? Бидејќи, нели, веќе е излезен... Однапред ви благодарам ако евентуално имате одговор!

    ОдговориИзбриши