16.5.2011

Ги искрвави панталоните, не искрвари до смрт

сподели на пинг

Постов не е наменет за рубриката црна хроника, но сметаме дека треба да ја продискутираме употребата на глаголите крвави и крвари.


Во актуелните речници и во правописот е регистрирана само едната од овие две форми, крвави, додека крвари никаде го нема. Според нас, вториот глагол е еден од оние зборови што се неправедно анатемисани како туѓи (читај: србизми). Нема да навлегуваме во причините зошто некој донел ваква одлука (веројатно еднаш е донесена одлуката, а потоа по автоматизам зборот е изоставан и од поновите изданија).


Направивме кратка (усна) анкета меѓу зборувачи што не се јазичари по струка и нивната перцепција на овие зборови сосема со совпаѓа со нашата. А таа е следнава:


крвави = извалка, измачка со крв

крвари = тече крв


Примери:

Тој падна од велосипед, го повреди коленото и ги искрвави панталоните.

Го искрвави шамивчето, обидувајќи се да го запре крварењето

Застреланиот искрвари до смрт.

Раната уште крвареше, но помалку.


Поентата што сакаме да ја пренесеме е дека би требало и двата глаголи да бидат сосема нормално прифатени во јазикот и јасно да им се разграничи значењето. Аналогно на тоа што беше кажано погоре и глаголската именка крварење би требало да функционира нормално во јазикот.

13 коментари:

  1. Бојан, лектор по македонски јазик16 мај 2011 15:27

    Нема ништо погрешно во зборот КРВАРИ, кои до пред некое време беше перципиран како србизам. Се согласувам со авторката дека во нашиот јазик би можело да има место и за двата збора. Навистина тука нема никаков проблем.


    Срдечен поздрав

    ОдговориИзбриши
  2. Бојан, лектор по македонски јазик16 мај 2011 15:28

    кој до пред некое време... (исправка)

    ОдговориИзбриши
  3. Анонимен18 мај 2011 12:53

    Ова е за некој друг пост, ама ако може едно прашање.
    „земјите од Централна и Источна Европа“ -дали централна и источна се пишуваат со големи или мали букви? (во смисла на ЕУ)

    ОдговориИзбриши
  4. Анонимен19 мај 2011 16:49

    Е фала многу за одговорот.

    ОдговориИзбриши
  5. Да, се пишуваат со големи букви, бидејќи тоа е географски реон. Страните на светот и придавките изведени од нив, ако не се во состав на географски поими, се пишуваат со мали букви.

    ОдговориИзбриши
  6. Анонимен17 јуни 2011 01:00

    Здраво,
    дали во научната литература може да се ушптреби зборот зашто како еквивалент на англиското For?

    ОдговориИзбриши
  7. Анонимен17 јуни 2011 14:56

    Yet the feasibility of a historical inquiry concerning paradigms
    is exactly what is brought into question by the scope of the term
    "paradigm" and the inaccessibility of particular paradigms to verbal
    formulation. For on the one hand, as we have seen, it is too easy to
    identify a paradigm; and on the other hand, it is not easy to determine,
    in particular cases treated by Kuhn, what the paradigm is supposed to
    have been in that case.



    Сепак, изводливоста на едно историско истражување, кое се однесува на парадигмите, е токму она што се доведува во прашање со опсегот на терминот „парадигма“, и недостапноста на одредени парадигми за вербална формулација. Зашто, од една страна, како што видовме, премногу е лесно да се идентификува една парадигма; а од друга страна, не е лесно да се одреди, во одредени случаи кои ги третира Кун, што треба да претставува парадигма во тој случај.

    ОдговориИзбриши
  8. Анонимен28 јуни 2011 00:13

    нема да ми одговорите?

    ОдговориИзбриши
  9. Анонимен30 јуни 2011 01:04

    На ова:
    дали во научната литература може да се ушптреби зборот зашто како еквивалент на англиското For?

    Бисерка Велковска said...
    Контекст? Дај ни пример.
    17 јуни 2011 10:31

    Yet the feasibility of a historical inquiry concerning paradigms
    is exactly what is brought into question by the scope of the term
    "paradigm" and the inaccessibility of particular paradigms to verbal
    formulation. For on the one hand, as we have seen, it is too easy to
    identify a paradigm; and on the other hand, it is not easy to determine,
    in particular cases treated by Kuhn, what the paradigm is supposed to
    have been in that case.



    Сепак, изводливоста на едно историско истражување, кое се однесува на парадигмите, е токму она што се доведува во прашање со опсегот на терминот „парадигма“, и недостапноста на одредени парадигми за вербална формулација. Зашто, од една страна, како што видовме, премногу е лесно да се идентификува една парадигма; а од друга страна, не е лесно да се одреди, во одредени случаи кои ги третира Кун, што треба да претставува парадигма во тој случај.
    17 јуни 2011 14:56

    освен ако тоа „Дај ни пример“ не се однесуваше на мојата порака

    ОдговориИзбриши
  10. Извини, не ги поврзав пораките.
    Да, значењето во овој контекст би било „зашто“. Сепак, лично не претпочитам ваков оптоварен стил: зашто, од една страна, како што видовме... Мислам дека ништо не се губи од значењето и ако се изостави „зашто“, а се исчистува реченицата од едно од три сврзувачки средства без суштинско значење: „зашто“, „од една страна“, „како што видовме“...
    Поздрав

    ОдговориИзбриши
  11. Анонимен30 јуни 2011 16:49

    благодарам

    ОдговориИзбриши