08.4.2012

ИнтелЕгенција

сподели на пинг

За жал, „интелЕгенцијата“ сѐ уште не е искоренета од секојдневната употреба на голем број зборувачи, а што уште повеќе ни пречи, може да се сретне дури и во пишана форма. Веројатно, неуспехот да се ослободиме трајно од оваа грешка лежи во интелект, односно во фактот што вокалот се менува кај различни зборови што потекнуваат од истиот корен и од истото семантичко гнездо.

Да нагласиме, човекот што е паметен е интелИгентен, има висок коефициент на интелИгенција и неговиот интелЕкт е за почит.

Појавата редување (промена) на (коренските) вокали не е ретка и невообичаена, постои и во други јазици, но тука нема да се задржиме на подлабоки лингвистички објаснувања. Она што ни е важно е конечно да се запомнат точните форми и да не се греши повеќе.

Следуваат уште неколку групи зборови, каде што коренскиот вокал е чест предмет на грешка. Некои од нив се интернационализми, но бидејќи функционираат во нашиот јазик, потребно е да се знае како се пишуваат (и како се изговараат).


корекција - коректен - коригира (не корегира)

перцепција - перципира (не перцепира)

визуелно - визуализира (не визуелизира; сите форми изведени од глаголот исто така содржат а во коренот (на пример, визуализација)

актуелно - актуализација (не актуелизација; важи истата забелешка како во претходниот пример)


Тука уште би го спомнале и:

благодат (не благодет, колку и да ти звучи необично)


Иако нема друг збор од истото гнездо што би довел до забуната, оваа грешка е доста распространета. Формата со -дат доаѓа од глаголот даде.

Ти текнува ли на други слични примери? Допиши ги како коментари.

44 коментари:

  1. Анонимен08 април 2012 23:17

    „Обожава“ (со акцент на третиот слог одзади), наместо „обожува“ (последново се претпочита во медиумите, иако е хиперкорекција).

    ОдговориИзбриши
  2. „Обожува“ е страшна хиперкоректност :)
    Исто и „разузнува“

    ОдговориИзбриши
  3. Анонимен09 април 2012 01:07

    а има некое логично објаснување зошто е ова вака? Лично се трудам колку што можам да пишуваш со точен правопис, но овие примери да ме тепаш не ми делуваат правилни :)

    верувам дека се точни, ама некако ми се во категоријата на „смени го во првата можна прилика за напредок на јазикот“ :) т.е. сосема добро функционираат е без овие правила

    инаку интелигенција го знаев, ама другите прв пат гледам дека вака се пишуваат

    Кристијан

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Не ти одговорив порано, бидејќи немам спремен и краток одговор, но објаснување за редувањето има (ако имаш можност и време, прелистај лингвистичка литература). Само би додала дека редувањето произлегува од практиката на зборувачите, некои зборови со таа појава ни се сосема природни, што не ја ни забележуваме во нив (на пример, изб-О-р, изб-И-ра, изб-Е-ре). Примерите од постот може ти се понеобични и помалку природни зашто се интернационализми (повеќето).
      Сепак, не станува збор за исклучоци или правила што е подобро да се сменат. Како што можеш да забележиш, има шема и во нивната промена :)

      Избриши
    2. Анонимен10 април 2012 00:56

      фала, иако не сум лингвист, така што било кој одговор ќе беше ок :)

      во конкретниве случаи имам проблем со звучноста. На пример при зборување на англиски, ако не можам да се сетам кое време одговара, го кажувам она што ми звучи најлогично. И најголем дел од случаите тоа е точно. Поради тоа, лично верувам дека еден јазик треба да биде логичен и да звучи убаво (тотално неегзактна дефиниција, но се надевам се разбираме :) ). Баш поради тоа сметам дека овие правила треба да се сменат.

      но од друга страна, ако проблемите со употребата на македонскиот јазик беа само во овие правила, лесно ќе беше :)

      Кристијан

      Избриши
  4. Браво Бисерка, редно време е да се поднаучи јазикот.

    ОдговориИзбриши
  5. Анонимен09 април 2012 11:50

    би замолил за дефиниција за кркми :) , можеби имаат добар корен, но многѕ грдо звучи , зар не ?

    ОдговориИзбриши
  6. Кркми = шишки

    „Ги скратив кркмите за да не ми пречат“.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Анонимен15 април 2012 21:26

      Krkmi ama kaj tatkA ti u Bitola

      Избриши
    2. Литературно е „кркма“. -_-

      Избриши
  7. Анонимен09 април 2012 13:23

    концИпира, концИпираат
    инжЕнер, инжЕнери

    ОдговориИзбриши
  8. Анонимен09 април 2012 13:41

    во ред , знам дека Кркми = шишки , но прашањето беше од каде е коренот на тој милозвучен збор и нема ли алтернатива , кркми , шишки = ?

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Кркми е дијалектизам. Немаме податоци за коренот и за потеклото на зборот, но веројатно може да се најде во стручна лингвистичка литература.
      Во секој случај, нам воопшто не ни пречат шишките и ги употребуваме (иако има такви што заговараат против овој збор)

      Избриши
    2. „Кркми“ е турцизамж потекнува од глаголот kırkmak на турски, што значи „потскратување“ (на коса, брада, мустаќи, а исто значи и стрижење, кај животни.

      Избриши
  9. Анонимен10 април 2012 21:56

    Па нели „шишки“ е србизам? Или се лажам? „Кркми“ каков и корен да има т.е. од кој и да било дијалект да потекнува, сепак е тоа македонски дијалект, што го прави „понаш“ од “шишки“ кој е скопски дијалектизам со српски корен, нели?!

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Многу пати досега сме нагласувале дека не проповедаме пуризам, туку норма што не го силува јазикот.

      Не навлегувам во потеклото на „шишки“, сосема е сеедно од каде потекнува ако функционира во јазикот. Впрочем, има многу зборови со туѓо потекло што се прифатени, нели?
      Со сила не може да се наметне збор, на пример локален дијалектизам, затоа што некој решил тој да се употребува на ниво на стандарден јазик(инаку немам ништо против употребата на кркми, но мене не ми е природен тој збор и не го употребувам). Од друга страна, не мислам дека шишки е скопски дијалектизам, можеби некогаш бил тоа, но сега има многу поширока употреба (пола Македонија е во Скопје, сакале-нејќеле, се проширил). А небулозните кованици како „стришки“ (бидејќи нели кај нас луѓето се потстрижуваат), не сакам ни да ги коментирам.

      Поздрав :)

      Избриши
    2. Имајте во предвид дека многу српски зборови се македонизми.

      Избриши
  10. Анонимен11 април 2012 16:33

    Хм,„затоа што некој решил тој да се употребува на ниво на стандарден јазик“?! Веројатно затоа што подолго е во употреба на поширока територијата на Македонија од „шишки“ кој до скоро се употребубал само во северните делови на земјава кои се поблизу до Србија, а во последниве 20-тина години под влијание на медиумите (пред се националните телевизии)кои, сакале ние или не, скоро без исклучок се сместени во Скопје. А „милозвучноста“ е веќе прашање на родно место. Чистотата на јазикот ни јас не ја проповедам, но „проповедам“ враќање кон корените, кон старата литература, кон изворниот македонски јазик и користење на наши зборови секаде каде ги имаме како правило, а употреба на позајмени секогаш и секаде каде немаме соодветен наш збор. Ах, и уште ова: како некој кој се школувал во Скопје, па работел во Скопје, или поминал една третина од својот живот во Скопје, со сигурност можам да ви тврдам дека таа „половина Македонија“ што живее и работи таму, не е јазично асимилирана и претопена, ниту пак ќе тоа ќе се случи во скоро време. Дијалектите се непресушно богатство на овој јазик, кое, за жал, недоволно е истражено и употребено.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Како што веќе напишав, немам против кркми. Само сметам дека не треба да се обидуваме да го сведеме јазикот на по еден збор и да исфрламе тоа што веќе е тука, доволно долго и доволно проширено за да остане. А потоа, кој како милува - има избор

      Избриши
    2. Анонимен15 април 2012 21:33

      Човеку анонимен!Кај нас у Скопје природно и од секогаш се викаат и ќе се викаат шишки, ако во твоето родно село се викаат кркми не ми го натурај у Мк јазик да го зборам и јас. Повели врати си се комотно у родната грУда и како сакаш викај си ги. Ако ти е покомотно и чушки викај си ги. Не замарај! Отров сте бе тоа провинцијава, поготово онаа по задоенава со ново номпонираниве сељачизми. Остај ја рајава скопска да си фура свој slang и да си биде урбана на свој начин, не ти се мешам у селото не ми се мешај у Скопјево. Анонимус ама скопски ;)

      Избриши
  11. Анонимен20 април 2012 14:57

    Благодат, ми звучи мошне неприродно. Отсекогаш го знам како благодет...има ли поопширно објаснување!?

    ОдговориИзбриши
  12. Анонимен02 мај 2012 08:51

    „Кркма“ е од турскиот јазик (kırkma). Во нашиот книжевен јазик тој збор се употребува со значење „козина“, козјо влакно што се добива по cтрижењето на коза. Вторичното значење му е „кичер“, снопче коса изделена од другата коса.

    Во некои дијалекти, со преносно значење, се употребува за предниот дел на косата што го покрива челото.

    „Шишка“ несомнено е србизам. Тој е изведен од нивниот збор за стрижење („шишати“). По аналогија на српскиот, некој го искова зборот „стришка“.

    Северњаците заборавија дека на македонски „шишка“ е исто што и „шишарка“.

    Ние всушност немаме наш збор. „Стришка“, изгледа, е единствениот прифатлив збор. Ем описен, ем добро искован.

    ОдговориИзбриши
  13. Анонимен02 мај 2012 09:19

    Бисерке,

    Што се однесува до „корекција : коригира“ итн., тука нема ама баш никакво редување на вокали, зашто зборов е несловенски.

    „Корекција“ иде од фр. correction, а „коригира“ од фр. corriger. Во мак. јазик наставката -ира се употребува во глаголи од туѓо потекло. Таа наставка е од герм. -ieren. Во герм. јазик таа се употребува во глаголи од латински или француско потрекло. Сп. герм. korrigieren од фр. corriger.

    „Визуелен“ е од фр. visuel. „Визуализација“ е од фр. visualiser.

    Те предизвикувам да најдеш книга од еден од нашите најдобри лингвисти во која се споменува вакво редување кај глаголи од туѓо потекло.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Можеби не се изразив најдобро, поентата беше да направам паралела со редувањето. И да не се нарекува редување, промената постои и во јазиците од кои сме ги презеле зборовите.
      На крајот на краиштата, најбитно е да се запамети како треба да биде :)

      Избриши
    2. А кој тоа вели дека така требало да биде? На база на кое правило? Како што гледам така НЕ треба да биде.

      Избриши
  14. Анонимен02 мај 2012 09:37

    Интелигенција < фр. intelligence < лат. intelligentia.

    Интелигентен < фр., герм. intelligent < лат. intellegens.

    Интелект < фр. intellect < лат. intellectus.

    Латинската наставка -ualis (како во intellectualis) се пренесува и кај фр. и англ. заемки од истиот корен, така што:

    Интелектуален < лат. intellectualis.

    ОдговориИзбриши
  15. Едно прашање надвор од контекст - се среќаваат две верзии на планината Кожув - Кожуф. Како е правилно? Фала однапред.

    ОдговориИзбриши
  16. Анонимен30 мај 2012 15:14

    postaviv prasanje pod tekstot Ne sum Ajvan, se vikam Ivan, ama nekako ne mi go zafermavte ;). eve i ovde da prasam:
    Како се транскрибираат арапските презимиња? Дали помеѓу членот и презимето се пишува цртичка или не? На пример, дали е правилно да се напише Ал-Рашид или ал Рашид?

    ОдговориИзбриши
  17. Good luck getting an answer :)

    Според Правописот: Нефуд ел Дахи, Џабел ел Шифа итн. Бидејќи е член, можело да се испушти во почетокот на името.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Анонимен01 јуни 2012 02:32

      fala Miki za odgovorot. no ima eden problem. ovie poimi sto gi spomnuvas se toponimski iminja. jas prasuvam za licni iminja. primetiv deka i na Wikipedia toponimite gi transkribiraat so clenot -el- a licnite iminja so -al-. ova isto taka me buni ako se ima predvid deka izgovorot na arapski e jasen...tie velat -al- a ne -el-..a nie vo makedonskiot jazik imame bukva -a-

      Избриши
    2. Хмм, да. Знам дека примериве беа со ел (поима немав дека се топоними :) Како и да е, бидејќи во топонимите нема цртичка, претпоставувам дека ќе нема и во имињата, на пример Ал Масри, Ал Каеда итн. Гледам дека нашите медиуми (оние што верувам дека имаат лектори) ги пишуваат исто без цртичка, а членот е со мала буква кога името е целосно: Калид ал Масри. Толку можам да помогнам, ако ти врши уопште работа :)

      Избриши
    3. Анонимен01 јуни 2012 17:35

      Da ova ima logika. Mala bukva ako imeto e celosno, golema ako se pisuva samo prezimeto. Fala uste ednas, mnogu mi pomogna :)

      Избриши
  18. Анонимен01 јуни 2012 17:43

    A za Biserka, ne znam dali znaes deka najgolem broj od turcizmite vo nasiot jazik vsusnost se arabizmi.

    ОдговориИзбриши
  19. Анонимен12 јуни 2012 10:15

    Правилно ли е „затвара“ или „затвора“ како несвршен вид од „затвори“?

    ОдговориИзбриши
  20. Мене ме интересира што е разликата помеѓу „од“ и „од страна на“ ?

    ОдговориИзбриши
  21. like your blog, can you visit mine please? need more visits there.
    www.arielgchapuis.com
    Thanks!

    ОдговориИзбриши
  22. Сега како е правилно

    корегира или коригира?

    ОдговориИзбриши
  23. Mala digresija...Imam dve preziminja, vo maticno me prasaa dali sum sakala crta ili ne megju dvete preziminja, jas pobarav objasnuvanje, no ne dobiv nikakov odgovor, mi rekoa bilo recisi isto. Sega sum bez crta megju preziminjata, no me interesira sto e razlikata ako nekoj koristi crta ili ako ne koristi? Dali toj sto e bez crta moze da se potpisuva ponekogas samo so ednoto ili? Fala, pozdrav.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. И јас сум со две презимиња, во матично не ме прашаа дали сакам црта или не, во изводот ме пишале со црта. Кога ја менував личната карта, презимињата ми ги споиле со цртичка, малку ми фалеше да поднесам ново барање. Ако е официјален документ се потпишувам со двете, неофицијално и неформално едното го ставам како иницијал, другото цело (Мила. М. Милeвска измислен пример :) )
      Поздрав и секое добро

      Избриши
  24. 1. Разузнува не ќе да е хиперкоректност. Мене ми се чини дека е само неукост.
    2. Кркми. Кој ли го измисли зборов, па уште и ни го наметнува на сите? Колку неприродно и грдо звучи. Шишки можеби е скопски (сепак, и скопскиот е македонски дијалект, нели?), но барем е збор што сите го разбираат. Истото важи и за здолниште - еден од најгрдите „македонски“ зборови. Го има истиот ефект - да те наежи од срам и одбивност истовремено.

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. „Истото важи и за здолниште - еден од најгрдите „македонски“ зборови. Го има истиот ефект - да те наежи од срам и одбивност истовремено.“

      Ме шокира коментаров! Не постојат грди зборови, а не знам како може да предизвикаат срам и одбивност. Веќе коментирав погоре - нема потреба од метла и чистење, на јазикот му се потребни синоними. Користи го тоа што тебе ти се допаѓа, но тоа не значи дека на некој друг нема повеќе да му се допадне другата опција. На крајот, за самиот јазик најмалку е битно што ти, јас или кој и да е поединец мисли...

      За сите други: жалам што не ви одговараме на прашањата, едноставно други обврски имаат приоритет во периодов. Но, можеби некој друг посетител на блогов ќе ви помогне. Голем дел и од прашањата што ги прочитав имаат одговор во Правописот или во Толковниот и не се ништо спорно

      Избриши
    2. Види Дизел. Ако фатиме некоја логика кој збор е правилен и треба да влезе во стандардниот македонски говор, тогаш тој би бил „кркми“.

      Никој никому не му забранува да го користи зборот „шишки“, но очигледно е дека е дијалект и дека е позајмен од српскиот јазик.

      Доколку остануваме сеуште на тврдењето на Мисирков дека литературниот македонски јазик треба да се формира од прилепско-битолското наречје (каде никој не употребува „шишки“) тогаш зборот „кркми“ треба да влезе во официјална употреба.

      Избриши
  25. Јас воопшто не сум против синонимите, напротив. Мене ми пречи што насила се наметнуваат како стандардни зборови што се неприродни и не се општо прифатени (кркми, здолниште - кој, реално, го употребува овој збор, за да биде стандарден?). А за грдоста/убавината на некои зборови, да, тоа е субјективно стојалиште (што само по себе се подразбира). Но, застанувам во одбрана на правото на искреност во однос на нашите чувства кон јазикот, бидејќи тоа подразбира и искреност во намерата тој да се негува и правилно да се користи.
    Многу ми се допаѓа блогот, поздрав и почит до авторките. :)

    ОдговориИзбриши
  26. Живиот јазик е една работа, а теоријата е друга работа. Ако зборот „коригира“ од било кои причини не заживеал во живиот јазик кај нас, (од времето на римската империја до сега), тоа значи дека е неприроден за нашите услови и менталитет. Германците и Французите го прифатиле латинскиот корен, но не и Англичаните, кои велат „to correct“, а не „to corrict“, значи од некоја причина тоа не заживеало ни кај нив. Јас лично никогаш нема да се сложам со „коригира“: едноставно - не звучи добро и потешко се изговара од едноставното и од секогаш прифатеното „корегира“.

    ОдговориИзбриши